Младинците на ФК Вардар убедливо го победија тимот на Работнички. На натпревар кој се одигра на Алумина, црвено-црните го прегазија градскиот ривал со убедливи 5:1.
Тренерот Глигоров стартуваше со следниве 11-сетмина: Јовчев, Трпезановски, Ѓоргоски, Ѓоргиевски, Ричков, Марковски, Хасани, Здравковски, Живков, Андрески и Мирков.
Самиот резултат говори за доминацијата на вардаровите младинци кои одиграа одличен натпревар. По првото полувреме резултатот беше 2:0. Филип Ѓоргиевски беше играчот кој после една мешаница најдобро се снајде и успеа да го отвори резултатот за 1:0. Вардар постигна уште еден гол, дело на Мирков, но истиот беше поништен поради офсајд позиција. Вардар го зголеми резултатот на 2:0 со погодок на Дамјан Марковски, после центар шут на Ричков.
Вардар беше подобар тим и во второто полувреме, период во кој постигна уште три гола. Во листата на стрелци се запиша и Алек Саит кој зголеми на 3:0, додека со голот на Антонио Мирков поведовме и со 4:0. Работнички успеа да постигне почесен гол со удар од белата точка, додека конечните 5:1 беа дело на Сулејман Исмаиљи.
Влегоа уште и Гроздановски, Јовановски, Трајковски, Каровски, Саит, Илиевски и Исмаиљи.