Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар водеше на полувреме, па загуби од Велешта
Вардар водеше на полувреме, па загуби од Велешта

Вардар водеше на полувреме, па загуби од Велешта

Вардар се враќа од Велешта без бодови. Иако водеше на полувреме, сепак на крајот загуби со 2-1. Вардарци денеска не одиграа ама баш ништо.

Вардар по првиот дел имаше водство од 0-1. Немаше многу шанси на двете страни во првиот дел. Вардарци по првата своја посериозна шанса дојдоа до водство. Се играше 36.минута, Блажевски упати одличен центаршут од прекин, топката се одби и дојде до Николов кој од неколку метри биеше силно и прецизно за радост и 0:1, резултат на полувреме.

Во вториот дел, односно во 55.минута од дуелот, домаќинот дојде до 1:1 по една убава акција. Само неколку миниту подоцна, Велешта доби и пенал. Успешен реализатор беше Лена за целосен пресврт и 2:1. Во продолжението втор жолт доби М.Блажевски и Вардар остана со играч помалку. До крајот на дуелот Вардар не направи ама баш ништо, па загуби со 2-1.