Денес во рамки на 1.коло од сезонаа 2021/2022, ЖРК Вардар гостуваше кај тимот на Ѓорче Петров-ЖРК во дербито на премиерното коло, не нагости тимот кој највеќе трошеше ова лето и кој донесе двоцифрен број сериозни засилувања. Девојките на Ристова Драгана триумфираа на овој дуел одигран во Ново Село, на двете екипи кој се дел од Групата „Б“ ,
Прв дел започна со гол на домаќинот од пенал за 1-0. Ние изедначивме преку Сара Миновска на 1-1.Следеа минути на доминација на домаќинот кој поведе 4-1 во 9.минута. Вардарки се вратија во игра и во 15.минута изедначија на 5-5 преку Стојановска Михаела. Следеше тајм-аут за домаќинот и 4.минити без гол, прв пат поведовме преку Костовиќ во 20.минута, Трајкоска беше одлична на нашиот гол. На одмор заминавме со три позива за нас 8-11.
Втор дел постојано се боревме и успеавме да ја одржуваме разликата околу три гола. Со голема борба овој дуел го добивме со 17:19.
Кај стрелците се истакна: Трпевска 5 гола, Галевска 4 гола и Миновска. Трајкоска беше феноменална со 15 одбрани.