Вчера на спортскиот комплекс во населбата Хиподром, контролен натпревар против екипата на Работнички одиграа нашите кадети. Натпреварот заврши во корист на градскиот ривал кој славеше со резултат 1:2
Екипата на Работнички прва успеа да го отвори резултатот на 1:0, кој беше актуелен на полувреме. Во второто полувреме, Вардар постигна гол за израмнување на 1:1, со погодокот на Теодор Перковски. Сепак на десеттина минути пред крајот на натпреварот, гостинската екипа повторно ја затресе нашата мрежа за конечни 1:2 на овој пријателски кадетски натпревар.
Вардар: Филевски, Анчевски, Здравковски, Тренковски, Таневски, Хајдари, Стојановски, Хубрев, Перковски, Величковски и Јовановски.