Од денеска почнува продажбата на поединечните билети за првиот домашен натпревар од ЕХФ лигата на шампионите меѓу Вардар1961 и Мешков Брест.
Средбата е закажана за 22 септември со почеток во 20,45 часот во СЦ „Јане Сандански”.
Дозволено е користење на 30 отсто од капацитетот на салата, до максимални 1.800 лица.
Продажбата на билетите ќе се врши:
Онлајн на www.kupikartizase.com
и на сите продажни места на ККЗС низ Македонија (https://www.kupikartizase.com/Home/SalesLocations).
Блок А2, А3,А5 и А6 – 450 ден.
Блок 3,4,5,6,7,8,11,12,13,14,15 и 16 – 400 ден.
Блок 1,2 и 9 – 350 ден
На самиот влез секој гледач покрај билет ќе треба да покаже и:
* сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза вакцина против заразната болест КОВИД-19 или
*сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18-годишна возраст.
Без соодветен сертификат/потврда нема да може да влезете во салата дури иако имате купено билет (сезонски или индивидуален) за натпреварите.