Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Вардаровите младинци го „прегазија“ градскиот ривал на контролен натпревар
Вардаровите младинци го „прегазија“ градскиот ривал на контролен натпревар

Вардаровите младинци го „прегазија“ градскиот ривал на контролен натпревар

Младинците на ФК Вардар убедливо го победија тимот на Работнички. На натпревар кој се одигра на Алумина, црвено-црните го прегазија градскиот ривал со убедливи 5:1.

Тренерот Глигоров стартуваше со следниве 11-сетмина: Јовчев, Трпезановски, Ѓоргоски, Ѓоргиевски, Ричков, Марковски, Хасани, Здравковски, Живков, Андрески и Мирков. 

Самиот резултат говори за доминацијата на вардаровите младинци кои одиграа одличен натпревар. По првото полувреме резултатот беше 2:0. Филип Ѓоргиевски беше играчот кој после една мешаница најдобро се снајде и успеа да го отвори резултатот за 1:0. Вардар постигна уште еден гол, дело на Мирков, но истиот беше поништен поради офсајд позиција. Вардар го зголеми резултатот на 2:0 со погодок на Дамјан Марковски, после центар шут на Ричков.

Вардар беше подобар тим и во второто полувреме, период во кој постигна уште три гола. Во листата на стрелци се запиша и Алек Саит кој зголеми на 3:0, додека со голот на Антонио Мирков поведовме и со 4:0. Работнички успеа да постигне почесен гол со удар од белата точка, додека конечните 5:1 беа дело на Сулејман Исмаиљи.

Влегоа уште и Гроздановски, Јовановски, Трајковски, Каровски, Саит, Илиевски и Исмаиљи.