Во првото коло на групната фаза на ЛШ во сезоната 2013/2014, Вардар на домашен терен ја пречека фаворизираната Барселона. Предводен од Зоран Кастратовиќ, Вардар успеа да направи сезнација на овој натпревар и на крајот да остане непоразен. Иако имавме четири гола негатива на полувреме, сепак лавовското срце на вардарци, носени од феноменалната публика успеа да остане непоразен и да одигра 29-29. Беа тоа незаборавни моменти на овој ден во 2013 година. Буквалано немаше игла каде да падне во С.Ц. Борис Трајковски кој беше преполн.
Да се потсетиме на овие убави и незаборавни моменти од трибините на С.Ц. Борис Трајковски. Видеата погледнете ги ТУКА и ТУКА.