Поранешните играчи на ФК Вардар, дефанзивецот Горан Попов и играчот од средината на теренот, Бобан Николов му упатија поддршка на новиот тренер на ,,црвено – црните” Никола Глигоров.
Горан Попов на ФК Вардар на Фејсбук напиша дека Никола е човек со големо срце и прекрасна душа и дека е голем професионалец кој заслужува да биде прв тренер на Вардар. Поддршка до новиот тренер упати и Бобан Николов, исто така преку Фејсбук на официјалната страна на клубот.
Глигоров дебито како тренер на Вардар ќе го има во сабота на домашен терен против ФК Беса.