Новото засилување за ФК Вардар, Иван Николов, доби повик од селекторот Канатларовски, за претстојните натпревари на младинската репрезентација во рамките на квалификациите за пласман на ЕП 2023.
Добрите игри во дресот на Вардар беа препорака за Канатларовски да го повика младиот играч на Вардар, за натпреварите против репрезентациите на Фарски Острови и Ерменија.