Tuesday ,01 July 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Атмосферата се загрева, останаа уште мал број на билети
Атмосферата се загрева, останаа уште мал број на билети

Атмосферата се загрева, останаа уште мал број на билети

Вечерва ракометарите на РК Вардар 1961 во полн состав ќе го дочекаат некогашниот шампион на Европа, тимот на Монпелје од Франција.

Не очекува еден интересен дуел се надеваме на крајот со победа на Вардар. За да стигне Вардар до таа победа, потребно е да има голема поддршка од трибините и вечерва. Атмосферата на неколку часа до натпреварот се загрева се повеќе и повеќе. Останати во слободна продажба се уште многу малку билети, па затоа побрзајте и набавете ги за сите заедно да навиваме вечерва кон нова победа и задржување на првото место на табелата во групата А.

Цени по блокови:

Блок А2, А3,А5 и А6 – 450 ден.

Блок 3,4,5,6,7,8,11,12,13,14,15 и 16 – 400 ден.

Блок 1,2 и 9 – 350 ден

Билети онлајн ТУКА. Истите ќе се продаваат на билетарницата пред салата од 18,30 часот пред почетокот на средбата со Монпелје.