Вардаровите атлетичари успејаа на националното првенство на Македонија во крос кантри да го качат Вардар на победничкиот подиум во екипна сениорска конкуренција.
Ова е прв пат по Скопје Ран 10к во 2017 година АК Вардар екипно да биде помеѓу првите 3 екипи. Момците настапија во состав: Петре Завировски кој беше прв од Вардарците, потоа искусниот Трпе Мартиновски и последен кој ја сочинуваше оваа црвено-црна тројка беше Влатко Јакимовски.