Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Одбојка > Одбојка: Порази со 1:3 во 1.коло за машката и женската екипа на Вардар
Одбојка: Порази  со 1:3 во 1.коло за машката и женската екипа на Вардар

Одбојка: Порази со 1:3 во 1.коло за машката и женската екипа на Вардар

Со четири натпревари од првото коло, вчера  и официјално стартуваше 29. одбојкарски шампионат на Македонија.

Одбојкарите на Лирија почнаа со изненадувачка победа во Скопје совладувајќи го тимот на Вардар со 1:3 (25:21, 18:25, 18:25, 17:25). Иако „црвено-црните“ го освоија првиот сет, следните три им припаднаа на гостите кои на крајот ги освоија првите бодови на стартот на сезоната.

Убедливи победи остварија Универзитет во Тетово над екипата на Штип УГД со 3:0 (25:8, 25:16, 25:21), како и Јанта Волеј која со 3:0 (25:13, 25:10, 25:12) беше подобра од Македонија Џио.

Кај дамите во 1. коло од новата сезона големото дерби се одигра во Струмица. Две од екипите кои ќе се борат за титулата одиграа одличен меч кој заврши по 5 сета со победа на Работнички од 3:2 (25:17, 26:24, 23:25, 23:25, 15:10). Скопјанки водеа со 2:0, Струмица се врати за 2:2, по што во тај-брејкот поуспешни беа гостинките кои на крајот славеа со 3:2.

Пелистер славеше во Скопје против екипата на Вардар со 3:1. Јанта Волеј во три сета го преслуша тимот на Фит Фан Волеј, додека Наковски Волеј однесе победа на гостувањето во Тетово против екипата на Универзитет во Тетово со максимален резултат.

Прва лига (мажи), 1. коло

Универзитет во Тетово – Штип УГД    3:0 (25:8, 25:16, 25:21)

Вардар – Лирија                              1:3 (25:21, 18:25, 18:25, 17:25)

Шкендија – Дибра волеј                   3:0 

Јанта волеј – Македонија Џио          3:0 (25:13, 25:10, 25:12)

ГОК Борец – Весна Пробиштип             (понеделник, 20.00, пренос на МРТ-3)

***Слободна е екипата на Струмица 47 & 72

Прва лига (жени), 1. коло

Струмица жени – Работнички Скопје    2:3 (17:25, 24:26, 25:23, 25:23, 10:15)

Вардар жени – Пелистер волеј            1:3 (25:21, 15:25, 16:25, 23:25)

Јантаволеј КВ – Фит фан волеј             3:0 (25:17, 25:16, 25:23)

Универзитетво Тетово – Наковски волеј   0:3 (18:25, 20:25, 16:25)