Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Младинците на Вардар и Тетекс одиграа без победник
Младинците на Вардар и Тетекс одиграа без победник

Младинците на Вардар и Тетекс одиграа без победник

Денес на теренот во комплексот Хиподром, пријателски натпревари одиграа младинците, противник ни беше екипата на Тетекс.

На еден ефикасен натпревар со шест голови, младинците на Вардар и Тетекс одиграа со нерешен резултат. Интересно е тоа што сите три гола за Вардар беа со удар од белата точка, откако во сите три наврати фаулиран во шеснаесетникот на гостите беше Мирков. Лео Андрески беше играчот кој прв успеа да погоди и да му донесе водство на Вардар од 1:0, додека на крајот на полувремето противникот врати со погодок во нашата мрежа за резултат 1:1 на полувреме.

Во вториот дел, екипата на Тетекс успеа да направи резултатски пресврт. Откако беше досуден пенал за противникот, Гоце Јовчев успешно одбрани удар од белата точка, па топката заврши во корнер. Во истата акција, Тетекс реализира за прва предност од 1:2. Вардарци не се откажаа, напротив нападнаа кон голот, што резултираше со втор пенал за нас, реализитор беше Мирков за израмнување на 2:2. Во последниот период од натпреварот видовме по уште еден гол во двете мрежи. Најпрво гостите поведоа со 2:3, за конечните 3:3 да бидат дело на Петре Тасевски кој погоди од белата точка.

Вардар: Јовчев, Трпезановски, Ѓоргоски, Марковски, Јовановски, Живков, Тасевски, Здравковски, Јусуфи, Андрески и Мирков.