Вардарци ја продолжуваат победничката низа. Попладнево во Тетово во еден одличен натпревар го совладаа тимот на Тетекс со резултат 0:3. Стрелци на головите вредни три бода беа Петковски, Керим и Блажевски уште во првиот дел од натпреварот.
Во првата третина од првиот дел Вардар дојде до предност. Керим со супер нафрлување го пронајде Петковски кој во манир на вистински голгетер со глава биеше крајно прецизно за 0:1. Одличното прво полувреме Керим го круниса со свој гол во 28.минута. Супер додавање од дестана страна на Блажевски Мартин до Керим, кој биеше прецизно од 7-8 метри за предност од 0:2. До крајот на првиот дел и Блажевски Дејан се запиша во листата на стрелци со нов гол за веќе 0:3 на полувреме.
Во вториот дел, во 65.минута Керим имаше супер шанса да го постигне својот втор гол денес и да го донесе Вардар на најубедливото водство оваа сезона, но биеше за малку крај голот на Митев и пропадна оваа супер шанса за гол. Продолжи добрата игра на Вардар и во продолжението, кој бараше уште некој погодок. Навистина попладнево Вардар делуваше доста расположено за игра и голови. Глигоров во вториот дел во игра ги внесе и Љамчевски, Костовски, Петров, Наумоски, кои го освежија тимот. До крајот на дуелот немаше промени на резултатот и остана 0:3 од првиот дел.