Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Пионерските екипи на ФК Вардар со победа и нерешен резултат ја отворија новата сезона во Супер Лигата
Пионерските екипи на ФК Вардар со победа и нерешен резултат ја отворија новата сезона во Супер Лигата

Пионерските екипи на ФК Вардар со победа и нерешен резултат ја отворија новата сезона во Супер Лигата

Денес во првото коло од сезоната 2021/2022 во пионерските лиги, избраниците на Саше Божиноски гостуваа кај тимот на Брегалница од Штип. Помладите пионери дојдоа до „цел плен“, додека пионерите одиграа со нерешен резултат.

Помладите пионери на Вардар тргнаа со победа, тие на гостувањето во Штип дојда до три бода со резултат 0-3 (0-0).

Состав: Краљевски Максим,  Николов Михаил, Миовски Александар, Јанкоски Драган, Порчу Димитар,  Величковски Андреј, Нуредини Алтин, Николовски Марко,  Лефковски Давор,  Сековски Дарко и  Коловски Стефан.

Првиот дел заврши со почетниот резултат 0-0, двата тима имаа свои прилики, сепак мрежите на  штипјанецот Миленковски Мартин  и нашиот „чувар на мрежата“ Краљевски Максим мируваа во овој период од натпреварот.

Во вториот дел ние успевме да го скршиме отпорот на домаќинот по 5.минути игра, во 50.минута за 0-1 стрелаше Лефковски Давор. Тргнавме да ја удвоиме предноста и да обезбедиме сигурно водство, во 61.минута преку Јанкоски Драган дојдовме до високи 0-2.  Конечните 0-3 на оваа средба ги постигна нововлезениот Анастасов Матеј  на десет минути пред крајот на оваа средба.

Играа уште и Матеј Анастасов и Михаил Танчев.

На пионерскитот дуел одигравме дуел со резултатска симетрија, дуелот заврши 2-2 (1-1).

Состав:  Илиевски Леонид, Фидановски Зоран, Серафимов Давор,  Кулуковски Влатко, Јакимовски Лука, Цветков Горјан,  Алији Алтин,  Цикарски Дамјан, Спасиќ Тино, Митревски Матеј и  Трајчевски Александар.

Двата тима имаа свои прилики на почетокот од дуелот, сепак тимот на Брегалница успеа да поведе со 1-0 во 30.минута. Ние успеавме после 11.минути да ја вратиме резултатската симетрија, за изедначување на 1-1 стрелаше Цветков Горјан. Токму со овој резултат се замина на одмор, двата тима беа резултатски рамноправни.

Во вториот дел беа постигнати два гола, по еден во обете мрежи за реми исход. Со својот втор гол во нашата мрежа  играчот со број.10 на домаќинот, Мандак Еди, стрелаше за минимално водство на штипјани. Сепак и нашата „10-ка“, Цветков Горјан исто така втор пат постигна гол на оваа средба, стрелајќи за 2-2 во 56.минута. Овој резултат се покажа како конечен на овој пионерски дуел.

Во игра влегоа Никола Филевски и Матеј Николовски.