ЖРК Вардар го мина 2.коло од „Европскиот Куп“ , денес во Јане Сандански ја потврдвме доминацијата над Приштина, па по првата победа во Косово и денес во Скопје бевме доминантни. Црвено-црните дами на Ристова, Платон и Папуџиева победија со 32-25 (21-11).
Првиот дел со гол го отворивме ние поведувајќи со 1-0 преку Галевска Марија, се играше гол за гол се до 6.минута кога беше 4-3. Потоа ние бевме во препозднатиливот налет, веќе во 11.минута отидовме на 4 гола предност (11-7) со погодокот на Трпевска Ивона.
Приштина побара минута одмор по средината на првиот дел кога имавме двојно повеќе голови, стрелаше Коцева Борјана за 12-6. Успеавме да оствариме и двоцифрена предност, по одбрани на Илиќ со двата гола во низа на Миновска Сара поведовме со 18-8 во 23.минута. Ристова даде шанса од клупата на помладите: Попова Нина, Магдалена Тошевска, Васеска Златинца. На одмор заминавме со високи 21-11 за нас.
Во првиот дел најефикасни беа, Галевска со дури 6гола, одличлни беа и Миноска и Дамјаноска со по 4.погодока.
Почетокот на вториот дел го обележа неефикасноста на двете страни, по седум минути ракомет само по еден гол имаа двата тима на своето конто, на семафорот во 38.минута беше 22-12. На средината на вториот дел водевме 27-17, по една одбрана на нововлезената кадетка, Вероника Ѓорѓиевска која одлично се адаптираше на сениорскиот тим, во напад погоди атрактивно Миновска Сара од крилна позиција. Во последните 10.минути влеговме со 5.кадетки на теренот, Попова Нина, Радевска, Ѓорѓиевска, Коцева Борјана и Бојана, со што покажавме дека имаме голем потенцијал во тимот. Малку се опуштивме, но имавме плус четири од првиот меч, на 6.минути до крајот Приштина ја преполови нашата предност и намали на 29-23. Ние го исконтролиравме дуелот и победивме со 32-25.
Прв стрелец беше Миновска со 7 гола, Галевска имаше 6 погодока, Дамјановска имаше 5 успешни удари во мреќата, Коцева Бојана погоди 4.пати, Костовиќ стрелаше во 3.наврати. На голот одлични беа Илиќ која сопре 8.удари за 40.минути на теренот, преостанатите 20.минути ги бранеше Ѓорѓиевска и одбрани 7.удари.