Денес во Тетово беше празник на фудбалот. Двете збратимени навивачки групи, Војводи од Тетово и Комити од Скопје по неколку години пауза повторно се сретнаа на фудбалски натпревар на зелен терен.
Попладнево иако дождот беше тука, сепак, навивачите на двата клуба приредија вистински спектакл за време на натпреварот, но и по тетовските улици на пат накај стадион.
Во продолжение погледнете неколку фотографии од денес:
Фото: Кочо Сотировски