Екипата на Кул ќе биде противникот на Вардар, во рамките на 2.коло во младинските фудбалски лиги. Се работи за новиот суперлигаш, кој пред две години стартуваше од третата лига, но оваа сезона се најде во групата со најдобрите екипи од Македонија.
Пионерските екипи во сабота на теренот во Хиподром ќе ја пречекаат екипата на Кул, додека истиов ден нашите кадети и младинци ќе гостуваат на Цементарница. Натпреварите ќе бидат одиграни во термините од 10:00 и 12:00 часот.
Во првото коло, Вардар освои 7 бодови на натпреварите со екипата на Брегалница.