Денес во рамки на 2.коло од сезоната 2021/2022, помладите пионери на ФК Вардар беа домаќини на ФК Кул. Момците на Сашо Божиноски го добија дуелот кој се играше на теренот во Хиподром со резултат 5-2 (3-0).
Црвено-црните започнаа со следниот состав: Краљевски Максим, Николов Михаил, Јанкоски Драган , Порчу Димитар, Ајетовиќ Нуман, Величковски Андреј, Сековски Дарко, Нурединовски Алтин, Николовски Марко, Лефковски Давор и Коловски Стефан.
По воведното испитување на силите ние тргнавме во офанзива и успеавме да отвориме со погодок. За 1-0 стрелаше денес еден од најактивните на теренот, Лефковски Давор. Истиот играч имаше одлична шанса, но голманот на Кул исфрли со крајни напори во корна, по изведување на истата Лефковски успеа да ја удвои предноста со гол за 2-0. Ние имавме повеќе од играта и креиравме шанси во поле, имавме посед и контрола на овој дуел за помлади пионери. Лефковски денес играше навистина инспирирано, токму тој погоди и трет пат денес, поведовме со 3-0 по 30.минути фудбал, резултат кој се покажа како конечен за првиот период . До крајот на овој дел во последната третина од истиот имавме уште две прилики за зголемување на предноста. По една одлична шанса имаа Сековски Дарко и Николовски Марко чии удари не завршија во мрежата на гостите од Кисела Вода.
На почетокот на вториот дел прва шанса за црвено-црните имаше Николовски Марко, чиј удар голманот на сино-белите го скроти. Имавме слободен удар од 30.метра, топката ја зема Сековски Дарко , упати лукав удар и погоди за 4-0. Нововлезениот Танчев Михаил успеа да погоди за високи 5-0, ние имавме повеќе од играта, игравме претежно на половината на гостинот на овој натпревар. По едно мало невнимание во нашата одбрана, тимот на КУЛ казни и успеа да намали на 5-1 на овој натпревар. Божиноски Саше направи голем број на измени и даде прилика на поголем дел од ростерот, ритамот падна поради високата предност и поради големиот број на измени во тимот. Имавме високо водство и сигурна победа, наше беше да го одработиме дуелот до крај. Ривалот до крајот успеа со својот втор гол да го ублажи поразот со погодок за 5-2, резултат кој се покажа како конечен.