Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Прва победа сезонава за пионерите на ФК Вардар
Прва победа сезонава за пионерите на ФК Вардар

Прва победа сезонава за пионерите на ФК Вардар

Одличен дуел одиграа денес пионерите на ФК Вардар, тие го совладаа тимот на ФК КУЛ од Скопје на дуелот кој се одигра  на теренот во Хиподром. Црвено-црните момци на оваа средба од 2.коло победија со резултат 2-0 (1-0).

250990870_10220444203597332_3585466633301914385_n

Божиноски Саше натпреварот го започна со овој состав: Филевски Никола, Фидановски Зоран,Трајчевски Александар, Митревски Матеј , Серафимов Давор, Кулуковски Влатко, Јакимовски Лука, Спасиќ Тино,Алији Алтин, Цветков Горјан и Цикарски Дамјан.

250175250_10220444203077319_2992169914646913008_n-1
Ривалот имаше почетна иницијатива, ние потоа влеговме во ритам и создававме шанси. Поведовме со 1-0 по една убава акција, за нас стрелаше Алији Алтин кој ни донесе минимална предност на овој пионерски дуел. Имавме повеќе од играта две прилики впиша, Јакимовски Лука, тој најпрвин имаше асистенција од Трајчевски потоа соло акција, но не успеа да ја удвои нашата предност на оваа средба. До крајот на првите 45.минути имавме прилика преку стрелецот на единствениот гол Алији Алтин, а во финишот гостинот се закани. На место беше нашиот голман Филевски Никола кој не дозволи прилика на сино-белите од Кисела Вода да дојдат до резултатска симетрија. На одмор заминавме со гол повеќе за нас.

249774350_10220444204517355_1156515075184721600_n 249802892_10220444205517380_6966349445756836215_n 250175250_10220444203077319_2992169914646913008_n-1
Вториот дел започна со неколку прилики на тимот на Кул, сепак одбраната пред Филевски Никола беа сконцетрирани и не дозволија прилика за изедначување. Трајчевски се закани со удар од дисцтанца неговиот удар заврши над голот на гостинот. Своја прилика за удвојување на предноста на овој натпревар од второто коло не искористи и Јакимовски Лука. Кул се обиде да притисне и да дојде до реми, ниее игравме високо некаде на средината на теренот. По изведен корнер од левата страна топката дојде до Серафимов Давор, тој непогрешливо стрелаше за 2-0 обезбедувајќи висока предност која гарантираше победа на овој натпревар.

Ова беше прва победа сезонава за пионерите на ФК Вардар во рамките на пионерската Супер Лига.