Фудбалерите на Вардар продолжуваат со добрите игри и победи. Попладнево Вардар на домашен терен беше подобар од ФК Гостивар со 3:1.
По првиот дел Вардар водеше со голот на Мишковски во 45+. Во вториот дел, противникот дојде до 1:1, но Блажевски Дејан со одличен гол повторно го врати својот тим во водство. Печат на победата стави Петковски од пенал во самиот финиш за конечни 3:1.
Вардар запишува нови три бода.