Friday ,10 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Втора првенствена победа за вардаровите младинци, момците на Бабунски подобри од Кул
Втора првенствена победа за вардаровите младинци, момците на Бабунски подобри од Кул

Втора првенствена победа за вардаровите младинци, момците на Бабунски подобри од Кул

Младинците на ФК Вардар денес гостуваа на екипата на Кул, на натпревар од 2.коло во младинската Супер Лига. Избраниците на Бобан Бабунски до победа дојдоа со голови во вториот дел од натпреварот, конечниот резултат гласеше 1:2.

Тренерот Бабунски започна со следниве 11-сетмина: Јовчев, Јовановски (К), Ричков, Ѓоргоски, Дошев, Мирков, Андрески, Тасевски, Здравковски, Стојилевски и Јусуфи.

1

Вардар имаше доминација во првиот дел од натпреварот, создадовме и неколку шанси, кои не успеавме да ги претвориме во гол. Огнен Здравковски беше играчот кој прв се закани во нашиот состав, но топката заврши крај голот. Кул беше добро тактички поставен, овој состав е предводен од Драган Стефановски-Гаге, па во првото полувреме успешно одолеваше на нашите напади. Првата добра прилика на натпреварот ја имаше Нијаз Јусуфи кој се ослободи од двајца противнички играчи, биеше од некаде десеттина метри, но одбрани голманот на домашиот тим.

2 3

Од слободен удар се обиде и Лео Андрески, но се уште немаше промена на резултатот, додека нашиот голман Јовчев немаше многу работа во првото полувреме. Голема шанса за наше водство пропушти Дарио Јовановски, кој доби топка во шеснаесетникот, биеше од само неколку метри, но одлично одбрани Андреј Ројчинов кој спаси чист погодок. Уште една добра шанса ќе издвоиме во првото полувреме, истата беше дело на Марко Стојилевски кој после центар шут од корнер, беше највисок во шеснаесетникот, биеше со глава, но повторно Ројчинов со одлична интервенција одбрани и ја исфрли топката во корнер. до 291

На стартот од второто полувреме, Вардар успеа да ја претвори иницијативата во погодок. Иако имаше сомневање, на кого да се препише голот, сепак истиот е запишан за Антонио Мирков. Нашиот крилен играч директно биеше од корнер, топката заврши во мрежата на Кул, дали некој од нивните или нашите играчи ја допре топката, остана прашање, но голот оди за Мирков кој носи предност од 0:1. Вардар мораше во следниот период да игра со играч помалку на теренот, поради директен црвен картон играта мораше да ја напушти стоперот Марко Стојилевски.

4 5 6 7

Тешко беше да се игра со играч помалку на теренот, но сепак вардарци покажаа карактер и стигнаа до победа. После една акција, Тасевски сакаше да додаде до Јовановски, но еден од играчите на домашниот тим си постигна авто гол, тоа значеше и наша предност од 0:2. Обиди имаа и Јусуфи, како и Мирков, пред да го постгигнеме вториот погодок. Се играаше 87 минута кога Кул успеа да постигне почесен гол и да намали на 1:2, резултат кој на крајот се покажа и како конечен на овој натпревар.

Играа уште и Исмаиљи, Марковски, Трпезановски и Трајковски.

Ова е втор последователен триумф за нашите младинци во првенството, па така со максимални 6 бодови ја започнуваме новата сезона.