Се одигра и 9.коло во машката ракометна Супер Лига, коло во кое се случи големо изненадување. Во спортската сала „Боро Чурлевски“, вториот тим на Еурофарм Пелистер успеа да излезе како победник на натпреварот со Вардар. Младиот битолски тим направи големо изненадување забележувајќи победа. Ова беше прв пораз сезонава во домашното првенство за црвено-црните.
Комплетни резултати од 9.коло:
Тиквеш – Струга 28:25
Еурофарм Пелистер 2 – Вардар 27:26
Бутел – Скопје 2020 28:14
Прилеп – Радовиш 35:28
Пролет – Охрид 25:24
Металург – Еурофарм Пелистер 25:38
После ова коло, Вардар и Еурофарм Пелистер се израмнија по бројот на освоени бодови, сега и двете екипи имаат по 24.