Македонската ракометна репрезентација се наоѓа во Каиро, каде денес и утре ќе одигра контролни натпревари со репрезентацијата на Египет.
За овие натпревари, селекторот на Македонија, Кирил Лазаров, со себе понесе 19 ракометари на кои ќе смета за овие дуели. На списокот се најдоа и четворица играчи од Вардар. Тоа се Мартин Томовски, Филип Талевски, Гоце Георгиевски и Марко Мишевски, додека поради повреда отпадна Стоилов.
Натпреварите ќе започнат од 18:00 часот.