Во недела, екипата на ФК Вардар ќе го одигра својот натпревар од 10.коло во Втората Лига-Запад. Противник на црвено-црните ќе биде екипата на Кораби.
За главен судија е делегиран Јосип Бартон од Скопје, додека ќе му помогаат Дарко Јовчевски (Тетово) и Александар Ѓорѓески (Тетово).
Овој натпревар ќе започне од 13:00 часот на теренот на ФФМ.