Во месец ноември, тимот на РК Вардар 1961 го очекуваат пет натпревари, од кои два се во Лигата на Шампионите, додека три се на домашната сцена.
После паузата поради ЕХФ неделата, Вардар ќе продолжи со натпревари во Супер Лигата, каде на домашен терен ќе ја пречека екипата на Тиквеш. Двата натпревари во Лигата на Шампионите ќе ги одиграме со екипата на Пик Сегед, истите се закажани за 18 и 25.ноември, додека во овој месец ќе гостуваме и на екипите на Струга и Скопје.