Monday ,16 September 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Лазаров направи избор за натпреварите со Египет, четворица вардарци во дресот на Македонија
Лазаров направи избор за натпреварите со Египет, четворица вардарци во дресот на Македонија

Лазаров направи избор за натпреварите со Египет, четворица вардарци во дресот на Македонија

Македонската ракометна репрезентација се наоѓа во Каиро, каде денес и утре ќе одигра контролни натпревари со репрезентацијата на Египет.

За овие натпревари, селекторот на Македонија, Кирил Лазаров, со себе понесе 19 ракометари на кои ќе смета за овие дуели. На списокот се најдоа и четворица играчи од Вардар. Тоа се Мартин Томовски, Филип Талевски, Гоце Георгиевски и Марко Мишевски, додека поради повреда отпадна Стоилов.

Натпреварите ќе започнат од 18:00 часот.