Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Нема време за одмор, Вардар во вторник ќе игра во Боговиње
Нема време за одмор, Вардар во вторник ќе игра во Боговиње

Нема време за одмор, Вардар во вторник ќе игра во Боговиње

Фудбалерите на Вардар немаат многу време за одмор, бидејќи веќе во вторник ќе го одиграа претпоследното коло од есенската полуетапа. Во вторник, ,,црвено – црните” гостуваат кај екипата на Беса 1976. Овој натпревар е предвидено да се одигра на стадионот во Боговиње.

Овие две екипи веќе одиграа еден натпревар оваа сезона и тоа во Скопје со резултат 2:2. Вардар на тој натпревар ги имаше трите бода во џеб, но гостинот на крајот успеа да извади 2:2 и голем бод. Добрата вест е дека оние играчи кои имаа четири жолти картони не добија на минатиот дуел, па така сите играчи кај Вардар се подготвени за настап.

Дуелот на Беса 1976 и Вардар, ќе се одигра како што рековме во вторник од 13 часот.