Monday ,21 April 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Успешна контрола за Вардаровото трио, во составот на Шпанската репрезентација
Успешна контрола за Вардаровото трио, во составот на Шпанската репрезентација

Успешна контрола за Вардаровото трио, во составот на Шпанската репрезентација

Шпанската ракометна репрезентација напорно се подготвува за Европското ракометно првенство кое за неколку дена ќе стартува во Полска. Избраниците на Маноло Каденас одиграа перфектен натпревар против селекцијата на Шведска, совладувајќи ја во контролен натпревар со резултат 32:22.

Шпанците им дозволија на противникот да имаат само едно единствено водство (2:3), после што ја преземаа играта во свои раце. Набрзина направија три голови разлика (8:5), а како одминуваше мечот оваа разлика се постојано се зголемуваше. Голема улога за високото водство во првиот дел имаше и првиот чувар на мрежата на Вардар и Шпанската репрезентација Арпад Штербик кој бранеше само во првиот дел и имаше вкупно 8 успешни интервенции. На полувреме неговата селекција имаше веќе двоцифрена предност од 17:7.

Шведска на почетокот на вториот дел успеаа да направи серија од 0:4, на која избраниците на Каденас експресно вратија за ново високо водство (21:12). До крајот на натпреварот Шпанија доминираше одржувајќи ја двоцифрената разлика стекната по првите 30 минути. Конечниот резултат гласеше 32:22. Покрај Штербик во составот на овој пријателски натпревар се најдоа уште и Алекс Душебаев кој постигна 5 голови и Хорхе Македа кој еднаш се запиша во листата на стрелци.