Eсенскиот шампион на Македонија денеска и официјално ги започна подготовките во новата година. На првиот тренинг се појавија сите стандардни играчи на ФК Вардар, но без тројца од првиот дел. Дефинитивно клубот повеќе нема да смета на Најдоски, Темелков и Петковски. Додека пак од друга страна се појавија и младите Вардарци кои би требало да патуваат за Анталија а тоа се: Филип Трајчевски, Есмин Личина и Дамјан Менкиноски.
Прв тренинг денеска со тимот имаше и новото засилување од Црна Гора Дамир Којашевиќ, кои се запозна со новите услови, средина и новите играчи. Вардарци се до 20-ти ќе тренираат во Скопје.
Им посакуваме успешна година на црвено – црните момци!
Фото: fkvardar.mk