Филип Ивановски по крајот на есенскиот дел е втор стрелец во црвено-црниот табор со гол помалку од Блажевски, тој воедно беше еден од играчите со најголема минутажа во оваа есенска етапа. Денес Ивановски и останатите момци со собирот во тренинг кампот во “Хиподрум“ ги започнаа подготовките за пролетната фудбалска полусезона во македонскиот фудбал. Нашиот Фичо го запрашуваме за тоа какви подготовки очекува и што очекува годинава да постигне нашиот шампион дома и во фудбалска Европа :
-Јас мислам дека имаме идеални услови за да се подготвиме максимално за пролетниот дел од сезоната. Првиот дел во новиот тренинг камп , а потоа во Анталија каде треба да се уиграме со мечеви против силни противници. Ние најпрво сме сконцетрирани на домашните натпреварувања, а потоа нормално целта на сите е да се направи исчекор во Европа и да ги израдуваме нашите навивачи.
Ивановски кој беше носител на “златата топка“ во македонскиот фудбалски шампионат кога со црвено-црните дојде до титулата во ПМФЛ во сезоната 2011/12, годинава има 7 погодоци, тој зборува за својата форма и очекувањата за успехот на целиот тим :
Првата полусезона со исклучок на неколку натпревари ја одигравме на високо ниво и заслужено сме на пет бода позитива. Лично мислам дека секогаш може да биде подобро и да дадам повеќе јас како играч. Очекувам да имам подобра полусезона- очекувам да го повториме минатогодишниот успех и оваа година да ја освоиме шампионската титула- Изјави Ивановски за Вардар Фанс
Михајло Тушевски