Во дербито на 15.коло во ракометната Супер лига, екипите на Еурофарм Пелистер и Вардар ги поделија бодовите, откако играа со нерешен резултат 30:30.
Вардар имаше предност во најголем дел од натпреварот, но на крајот „трепереше“ и за бод од овој дуел. Пелистер направи пресврт, дури и поведе, а имаше и напад на 20.секунди пред крајот. Сепак после една изгубена топка, вардарци тргнаа во нападот. На 10.секунди пред крајот Неддановски побара тај-маут, а Гаџа беше играчот кој успеа да изнуди удар од седум метри. Кој друг ако не Дибиров, најискусниот ја превзема одговорноста, успеа да го совлада Секели и да ја „замолкне“ Битола.
Голот на Дибиров можете да го погледнете на линкот, ТУКА.