Македонските фудбалски репрезентативци до 16 години се наоѓаат на тренинг камп во Кичево, каде оидграа и еден контролен натпревар.
Оваа генерација на Македонија која е предводена од Вујадин Станојковиќ ги одмери силите со Шкендија У17. Натпреварот го доби повозрасниот тим на Шкендија кој славеше триумф со резултат 1:2.
Во стартниот состав на овој натпревар беа тројца играчи од редовите на Вардар. Се работи за Дарко Сековски, Алтин Алији и Андреј Величковски, додека во игра во вториот дел влезе и Нуман Ајетовиќ. Настап забележа и „вардаровото дете“ Стефан Младеновски (2007) кој е дел од Академија на ФФМ.
Македонија У16 до недела ќе работи на кампот во Кичево.