Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > (ВИДЕО) Дибиров ја „замолкна“ Битола
(ВИДЕО) Дибиров ја „замолкна“ Битола

(ВИДЕО) Дибиров ја „замолкна“ Битола

Во дербито на 15.коло во ракометната Супер лига, екипите на Еурофарм Пелистер и Вардар ги поделија бодовите, откако играа со нерешен резултат 30:30.

Вардар имаше предност во најголем дел од натпреварот, но на крајот „трепереше“ и за бод од овој дуел. Пелистер направи пресврт, дури и поведе, а имаше и напад на 20.секунди пред крајот. Сепак после една изгубена топка, вардарци тргнаа во нападот. На 10.секунди пред крајот Неддановски побара тај-маут, а Гаџа беше играчот кој успеа да изнуди удар од седум метри. Кој друг ако не Дибиров, најискусниот ја превзема одговорноста, успеа да го совлада Секели и да ја „замолкне“ Битола.

Голот на Дибиров можете да го погледнете на линкот, ТУКА.