Во рамки на 11.коло од Втората сениорска машка кошаркарска лига, КК Вардар гостуваше кај тимот на ГКК Охрид.
Момците на Александар Јованчев во еден исцрпен дуел, со многу желба и борба дојдоа до минимална, но екстра важна победа за задржување на шансите за пласман во елитата.
На дуелот кој се одигра во салата “Билјанини Извори”- Охрид, победивме само со еден поен повеќе од охриѓани. Ние остваривме победа со резултат 83-84.