ФК Вардар ја заврши есенската полуетапа на третото место на првенствената табела зад лидерот Силекс и Воска, па токму затоа можеме да речеме дека оваа полусезона за Вардар не е успешна, ако се придодаде и испаѓањето од Купот, тогаш Вардар имаше лоша есен.
Токму затоа управата на клубот е веќе во потрага по нови играчи кои би го потигнале квалитетот на тимот, а се најавуваат дека и неколку играчи ќе добијат отказ, бидејќи навистина Вардар во овој момент има премногу играчи, а некој од нив немаа никаков придонес есенва.
Вардар во овој момент е во силна потрага по нов чувар на мрежата. Филип Гачевски е желба на Вардар, но засега останува само желба. Дарко Мицевски е веќе договрен со ,,црвено – црните” , па сигурно дека Вардар заврши голема работа со враќањето на Панта во тимот. Вардар од новата година сигурно ќе има и нов шпиц играч, а во најави се неколку екс играчи на тимот кои би можеле повторно да го облечат дресот на клубот.
Останува да видиме како ќе ,,изиграат” Александар Бајевски и челниците на клубот во овој зимски преоден рок.