Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Вардар со минимална, но „злато “ вредна победа во гости кај ГКК Охрид
Вардар со минимална, но „злато “ вредна победа во гости кај ГКК Охрид

Вардар со минимална, но „злато “ вредна победа во гости кај ГКК Охрид

Во рамки на 11.коло од Втората сениорска машка кошаркарска лига, КК Вардар гостуваше кај тимот на ГКК Охрид.

Момците на Александар Јованчев во еден исцрпен дуел, со многу желба и борба дојдоа до минимална, но екстра важна победа за задржување на шансите за пласман во елитата.

На дуелот кој се одигра во салата “Билјанини Извори”- Охрид, победивме само со еден поен повеќе од охриѓани. Ние остваривме победа со резултат 83-84.