После вчерашниот прв ден во кој се одиграа дел од натпрварите во 13.коло од женската ракометна лига во групите А, Б веќе се познати седум патника за плеј-офот на пролет. Вардар кој одамна е лидер и есенски шампион во Групата-Б веќе знае шест тима од седумте со кои ќе игра двокружно за титулата идната 2022 година.
Од нашата група покрај нас во плеј-офот минуваат Металург кој можеби има најслаба полусезона во последните години каде впиша дури три порази во есенски дел, два од црвено-црните дами. Потоа тимот на Ѓорче Петров кој има нагорна линија во формата, последен четврти патник е тимот на ЖРК Стружанка која вчера го запечати пласманот во плеј-офот.
Од групата-А, се пласираат Куманово кој има 100% ефект, вториот на табелата одличниот тим на ЖРК Чаир, таму на позицијата број три и веќе со сигурен пласман понатака е тимот на ЖРК Деспина од Прилеп. Останува последното коло да го даде 8.патник во плеј-офот, за тоа место конкурираат Пелистер од Битола (има 20.бода) и екипата на РК Шампион (има 19.бода) од Скопје.