Кадетската екипа на ракометниот клуб „Вардар“ продолжува со добри резултати во низа, денес убедливо го совладавме тимот на РК Македонија Ѓорче Петров.
.
Натпреварот се одигра предпладнево во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје. Избраниците на Пепи Манасков одлично започнаа на почетокот на дуелот, имаа водство и не дозволија на ѓорчепетровци да се се доближат воопшто. Одигравме одличен прв дел во кој примивме само три гола за 30.минути, постигнавме шест пати повеќе погодоци во нивната мрежа.
.
За време на паузата на семафорот во големата сала при СЦ „Јане Сандански“ стоеше 18-3 за нас. Во вториот дел не се смени ништо на резултатски план, ние доминиравме и од минута во минута ја зголемувавме предноста над гостинот на оваа кадетска средба. Победата дојде со високи 32.гола позитива, црвено-црните кадети победија со резултат 43-11.
.
Ова е дуел од третото коло, досега имаме еден пораз во воведната рудна и два врзани победи во низа со кои сме на втората позиција на табелата во нашата кадетска група.