По само половина сезона, ОК Вардар реши да ја прекине соработката со интернационалецот од Азербејџан, Роман Гурски.
Информацијата доаѓа од клубот откако заврши првиот дел од сезоната 2021/22 во одбојкаскиот шампионат на Македонија.
.
ОК Вардар избори место меѓу најдобрите шест екипи кои ќе го продолжат разигрувањето за титулата, откако врза шест победи по ред и со 18 бода се најде на 5-тото место на табелата.
Роман Гурски игра на позицијата техничар, а дојде во ОК Вардар пред почетокот на сезоната од рускиот тим Динамо Киров, каде со црвено-црните имаше договор на 1 година.
ОК Вардар му се заблагодарува за досегашната соработка и придонес и му посакува многу успех во понатамошната кариера.
Веќе е најдена соодветна замена за испразнетото место во составот на Вардар, а тоа ќе биде објавено по новогодишните празници.