Дејан Милосављев дојде на ,,мала врата” во редовите на Вардар и за многу краток период стана миленик на навивачите и главна движечка сила кон второто искачување на Европа. Фантастичниот голман во интервју за „Спортски журнал“ се потсети и на периодот минат во Скопје, на убавите моменти кои ќе се паметат целиот живот.
„Во Келн воопшто не спиев, а се потев како луд, па морав да менувам маици на секои половина час. Чувствував одговорност, бидејќи останатите зависеа од мене. На крајот по победата, мислев како некој да ме лансирал на кровот од салата. Не знаев каде сум и што да правам, дали да славам или да одам кај сопругата или да им се јавам на родителите. Дочекот во Скопје беше сензационален, такво нешто не го доживуваат ниту НБА-ѕвездите. Секоја чест на луѓето во Македонија, ме третираа како голема ѕвезда, кога поминував на улига ме гушкаа и ми бакнуваа раце. Мајка ми секогаш кога ќе видеше нешто такво, плачеше од радост. Не ѝ се веруваше што ми се случува“ , изјави Милосављев.
Целото интервју прочитајте го ТУКА.