Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Керим и Давидоски се вратија по повредите
Керим и Давидоски се вратија по повредите

Керим и Давидоски се вратија по повредите

На стартот на зимските подготовки ни доаѓаат и две убави вести од таборот на Вардар. Еден од најдобрите играчи на средината на теренот изминатава есен, Вилдан Керим се врати на зелените терени по дво-месечната пауза. Ова е одлична вест за Глигоров и Вардар.

Другата одлична вест е враќањето во тимот на уште еден играч од средината на теренот. Младиот Петар Давидоски се врати од тешката повреда и по речиси шест месеци одново е на зелените терени и тренира со тимот. Сепак, пред Давидоски претстои еден месец индивидуален тренинг, ќе работи без топка и ќе се обрне внимание на кондициската подготовка. Ова исто така е голем ,,плус” за Вардар и опција повеќе при ротацијата.

Вардарци на 24-ти овој месец заминуваат за Анталија на главни подготовки.