За пролетната полусезона каде ЖРК Вардар ќе игра во плеј-офот од сениорската лига, црвено-црните ангажираа одлично засилување. Станува збор за 22.годишниот, бек Марија Николовска. Таа ќе ја засили плеј-позицијата, а може да одигра по потреба и на левата бековска позиција.
Интересно е дека ова е фактички враќање во црвено-црниот клуб на оваа ракометарка, таа по почетоците во Ѓорче Петров играше во тимот на Вардар Јуниор. Потоа во кариерата беше дел од Спартак и Чаир каде одигра две одлични сезони. На почетокот на оваа доби понуда за Израел, ама се одлучи за Ѓорче Пертов, кој е технички нејзин последен клуб иако не впиша настап. Таа потпишува договор за половина сезона, на својот грб ќе го носи препознатливиот број за себе во лигата, бројот 4.
Стананува збор за квалитетен и борбен ракометар, кој несомнено ќе го подигне значајно квалитетот на играта на вардарки во двата правца. Покрај одличните организизациски способности во офанзива, доста борбени игри прикажува во одбраната. Беше дел од неколку подготовки и кампови на сениорската А-селекција, нејзиното искуство е драгоцено за овој млад тим во кој ќе биде моментално највозрасен член.
И посакуваме добродојде на новата ракометарка на црвено-црните и честитки до раководството на тимот кој се одлучи ваков добар играч да уфрли во ростерот за пролетниот дел.