Saturday ,19 April 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Томовски имаше 14 одбрани, но Македонија загуби од Словенија на стартот на ЕП
Томовски имаше 14 одбрани, но Македонија загуби од Словенија на стартот на ЕП

Томовски имаше 14 одбрани, но Македонија загуби од Словенија на стартот на ЕП

Македонската ракометна репрезентација со пораз го стартуваше Европското првенство. Избраниците на Кирил Лазаров им дадоа силен отпор на „фаворизираната“ Словенија, која на крајот сепак го доби натпреварот со резултат 25:27.

Македонија добро го започна натпреварот кога после шест минути игра имаше водство од 1:4. Сепак словенците не дозволија поголема негатива, се вратија со серија од шест голови за да поведат со 7:4. Македонија се бореше во текот на целиот натпревар и ниту во еден момент не се предаде. Воспоставивме резултатска рамнотежа, па стигнавме и до израмнување на резултатот, за противникот да има во продолжение позитива од 1-2 гола разлика, а на одмор се замина со водство на Словенија од 10:13. Мора да напоменеме дека на голот го имавме одличниот Мартин Томовски и благодарение на неговите одбрани не и дозволивме на Словенија да се одлепи на поголема разлика.

Избраниците на Врањеш во вториот дел стигнаа до највисоки пет гола позитива, во еден момент резултатот беше 12:17. Словенија беше фаворит, па немаше што да загубиме на овој натпревар, напротив игравме опуштено и борбено. Следеше период во кој постепено ја топевме негативата, за истата да биде само еден гол разлика (20:19). Словенија сепак не дозволи да ја испушти предноста која се движеше од 2-3 гола, за на крајот да стигне до победа со резултат 25:27.

Мартин Томовски беше одличен на голот со 14 одбрани. Од вардаровите играчи најдобар беше Филип Талески кој постигна 5 гола, додека во листата на стрелци се запишаа и Стојанче Стоилов со 2 и Марко Мишевски со 1 гол.

ФОТО: Gol.mk