Дарко Ѓукиќ и Анте Гаџа во текот на вчерашниот ден ги одиграа првите натпревари со своите репрезентации на Европското првенство.
Србија со победа го отвори ЕП откако во првото коло убедливо ја победи репрезентацијата на Украина. Иако се соочуваа со големи проблеми со склопување на составот, сепак Србија се покажа како пресилна за Украина и забележа победа со резултат 31:23.
Украина имаше само едно единствено водство и тоа на стартот од натпреварот кога го отвори резултатот, а се остнато помина во доминација на србите. На средината на првото полувреме имаа водство од 9:6, а до крајот на првиот дел ја зголемија предноста која изнесуваше 17:11. Во вториот дел само растеше нивното водство, за во еден момент да стигне и до доцифрена разлика (26:16), а до крајот на натпреварот гледавме рутинска игра на Србија, која триумфираше со висок резултат.
Дарко Ѓукиќ имаше свој придонес во победата, постигнувајќи 4 голови.
Хрватска не успеа да ја изненади Франција во првото коло и го загуби овој натпревар со резултат 22:27. Може да се каже заслужена победа за Франција која имаше предност и контрола на резултатот. Самиот старт навести во каков тек ќе оди натпреварот кога Франција поведе со 1:4. Хрватска без Циндриќ и Дувњак, како и без уште неколку звучни имиња немаше што да бара на овој натпревар. Со таков состав, Франција немаше проблеми да стигне до победа, иако Хрватска пружи силен отпор. Во првиот дел, Франција беше во предност и од пет гола, за до крајот на првото полувреме, избраниците на Хорват да смалат на два гола (11:13).
Во вториот дел предноста за триколирите се движеше од 2-4 голови, за на крајот да стигнат до триумф со резултат 22:27.
Анте Гаџа постигна еден гол на овој натпревар.