Кадетскиот тим на Вардар оствари убедлива победа на стартот од турнирот од Европската младинска лига (EYBL) што се одржува во Шопрон. Кошаркарите предводени од Александар Јованчев го победија романскиот претставник Дан Дачијан со 109-77 и потврдија дека претходните резултати во ова натпреварување не се случајни.
:
Со исклучок на првата четвртина која беше израмнета, Вардар доминираше во останатиот дел од мечот, во вториот квартал направи предност од 20 разлика (61-41), а потоа само ја зголемуваше предноста. Жарко Терзиевски со 30 поени беше најефикасен играч на Вардар, Љубен Ефтимовски постигна 24, а двоцифрени беа уште Ѓорѓевиќ (13, плус 15 скока), Ѓиновски (12) и Нешовиќ (11). Куриозитет е тоа што играчите на Дан Дачијан направија 29 лични грешки од кои вардарци изведоа 42 слободни фрлања.
.
Нашите кошаркари имаа само 11 фаули. Младите кошаркари на Вардар немаат многу време за одмор бидејќи од 17 часот ги очекува вториот натпревар, против чешкиот претставник Пелхримов кој синоќа, во својот прв меч загуби од Шопрон со 47-54