Младинските екипи на ФК Вардар стартуваа со подготовки за пролетниот дел од сезоната во младинската Супер Лига. Тука се и вардаровите голмани кои работат со Слободан Мутибариќ.
На вчерашниот тренинг беа присутни Андреј Данстак (2006), Лука Јаневски (2007), Дарко Јовчев (2008) и Стефан Нанчовски (2006) кој се наоѓа на проба во Вардар од фудбалската школа-Грозданоски.
Погледнете преку фотографии како изгледаше тренингот на младите вардарови голмани.