Сите вардарови ракометари кои на стартот беа дел од ЕП ги завршија настапите на ова натпреварување.
Како најдобро пласиран заврши Анте Гаџа, кој со репрезентацијата на Хрватска го освои 8.место на ова ЕП. Патрик Валчак и Јан Чувара кои со Полска се натпреваруваа и во втората групната фаза, немаа сили за некаков поголем успех, па на крајот се пласираа на 12.позиција.
До крајот на Европското првенство останува да се одиграат уште полуфиналните натпревари. Таму ќе се сретнат Данска и Шпанија, односно Франција и Шведска.