Кадетите на фудбалскиот клуб Вардар започнаа со подготовки за пролетниот дел од сезоната. Од оваа генерација заминаа Димитар Стоимов, Исмет Хајдари и Теодор Перковски, па тренерот Пепи Ѓоргиевски ќе има проблеми да ја „скрпи“ екипата за вториот дел од сезоната. Тука секако ќе бидат и играчите од генерација 2005 кои настапуваа и во есенскиот дел за оваа екипа во кадетската Супер Лига, како и Алтин Алији и Андреј Данстак кои се генерација 2006.
Погледнете ја фотогалеријата од вчерашниот тренинг на вардаровите кадети.