Се јави неочекуван проблем во ФК Вардар. Иако тимот веќе требаше да биде во Анталија и да се подготвува, сепак играчите на Вардар и стручниот штаб сеуште се во Скопје, па така денес беа приморани да одржат тренинг во својата база во Хиподром.
Причината поради која вардарци сеуште не отпатуваа на зимски подготовки е таа дека неочекувано, но во Анталија има снег, па има и застој во авионските линии. Според последните информации Вардар утре би можел да тргне за Анталија, но и тоа засега не е целосно потврдено.
Инаку, ако не се замине утре во Анталија, ќе ,,пропадне” и првиот пријателски натпревар кој требаше да биде одигран во петок, а противник да биде тимот на Полисија Житомир од Украина.